Водата во Преспанското Езеро според физичко-хемиските параметри е прва и втора класа, а микробиолошки е одлична, покажуваат резултатите од испитувањата на Центарот за јавно здравје – Битола.
Проценките за ризик од водата и плажите, како што е наведено во информацијата, покажуваат дека Преспанското Езеро претставува средина која слободно може да се користи за спорт и рекреација.
– Во првата половина на 2019 година, водата од езерото на плажите според физичко хемиските параметри е прва и втора класа, според правиникот за класификација на води сл. Весник на РМ18/99 чл.2,4, а според микробиолошките параметри е одлична, според Правилник за начинот и мерките за управување со водите за капење, техничките критериуми и целите за квалитетот за водата за капење, како и начинот и постпаката за информирање на јавноста за резултатите од мониторингот за водата за капење сл. Весник на РМ бр.129/16, соопшти Центарот за јавно здравје – Битола.
Мострите се земани во периодот од 1 јануари до 30 јуни годинава од плажите и објектите во туристичките населби и населени места на брегот на Преспасното Езеро и од површинската вода и водата за капење.