ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе ја задолжат државата за 10 милиони евра

Зоран Заев расипнички ја управува државата. Министерството и Владата со која управува Заев ќе ја задолжат Република Македонија за 10 милиони евра.

Секое четиричлено семејство ќе биде задолжено за нови 20 евра.

Откако СДСМ е на власт јавниот долг надмина неверојатни 5 милијарди евра или околу 50% од БДП, а Заев има намера да го крене на 60%.

Никој не знае на што и како се трошат милионите за кои е задолжена државата. Задолжувањата се и по неколку пати во месец, а ништо од парите кои се позајмени не се прави. Нема инвестиции, нема проекти.

Нивото на реализација на капитални инвестиции за 5 месеци од оваа година е само 13.7%.

Поголем доказ за неработата и незнаењето на власта нема. Не можат да ги инвестираат ни парите кои самите се обврзале дека ќе ги инвестираат со гласањето на Буџетот.

Заев мора најитно да одговори:

1. Каде завршија половина милијарда евра нов долг, задолжен откако СДСМ е на власт?

2. Колку пари треба да врати државата со пресметана камата за овие половина милијарда евра кон домашните и странски кредитори и за колку време?

3. Кој е ефектот кој државата го има од тоа задолжување? и

4. Дали од потрошените пари државата има додадена вредност?

Бегањето од одговори нема да го спаси Заев од одговорност. Одговори мора да има. Потребни се оставки и промени. Власта на СДСМ мора да си замине. Граѓаните заслужуваат да тргне напред државата.