Зборот важи! Започна реализацијата на уште една значајна мерка од Програмата на Владата предводена од СДСМ која обезбедува враќање пари назад кон граѓаните.
Од 1 јули стартува проектот за поврат на 15% од платениот Данок на додадена вредност назад, кај граѓаните.
Со проектот Мој ДДВ право на поврат на пари ќе има секое лице над 15 години со важечка лична карта и трансакциска сметка.
Преку повратот на 15% од платеното ДДВ, секое семејство може да оствари приход плус на крајот од годината.
Околу 50 милиони евра годишно ќе завршуваат во семејните буџети на граѓаните, преку реализацијата на оваа мерка.
Освен повеќе пари кај семејствата, со оваа мерка директно ќе се влијае на намалување на сивата економија и даночно затајување. Повратот на дел од ДДВ ќе ги охрабри граѓаните да побараат фискални сметки и со тоа да влијаат врз намалувањето на сивата економијата и даночната евазија.
Ова е крупна мерка, и е од исклучителен интерес за граѓаните.
Ветивме дека ќе ги намалиме трошоците, дека ќе обезбедиме повеќе пари кај граѓаните и тоа почитувани граѓани, ќе го реализираме.
Укинувањето на радиодифузната такса, воведувањето на евтината тарифа на струјата, растот на минималната и на просечната плата, зголемувањето на социјалната помош до 300 отсто, намалувањата на нотарските и извршителските трошоци, намалувањата на казните за физички лица до 75%, се само дел од досега спроведените мерки кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните.
Почитувани граѓани,
ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години земаше пари од граѓаните, ги задолжуваше граѓаните. Социјалдемократскиот Сојуз го прави сосема спротивното. Парите ги враќа назад, кај граѓаните.