АКО ПО УТРОТО СЕ ПОЗНАВА ДЕНОТ, СТАНУВА СЕ ПОИЗВЕСНО ДЕКА ЕУ ЈА ИЗВИСУВА МАКЕДОНИЈА! НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА СЕГА ИМА ОБВРСКА ДА ОБЈАСНИ ДАЛИ И ЗОШТО И ГРЦИЈА БИЛА ВОЗДРЖАНА ЗА ОДРЕДУВАЊЕ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ВЕДНАШ? ДАЛИ СО ОВОЈ ПОТЕГ ГРЦИЈА ГО ПРЕКРШИ ДОГОВОРОТ ЗАЕВ – ЦИПРАС? АКО ГРЦИЈА СО ЦИПРАС Е ВОЗДРЖАНА, КАКО ЛИ ЌЕ ГИ ГЛАСА СО МИЦОТАКИС ПРЕМИЕР?
Пендаровски, Заев, Димитров и Шекеринска сега не смеат да се кријат зад некакви флоскули дека е сигурно дека до крајот на годината Македонија ќе почне преговори со ЕУ! Изјавата на Заев дека ќе станеме членка на ЕУ до 2030 година воопшто не е оптимистична, туку потврда дека и самиот е информиран што се случува во ЕУ. Ако не дај боже не добиеме датум во октомври, Македонија го пропушта последниот воз на проширување во ваква форма. Франција и Германија заговараат нов модел кој треба да биде замена за досегашното проширување на ЕУ.
НА ПРЕДАВНИЦИТЕ ИМ ИЗМИНУВА ВРЕМЕТО! ИМААТ УШТЕ МАКСИМУМ 6 МЕСЕЦИ ДА ПОКАЖАТ ДЕКА НИВНИТЕ ЕУ СПОНЗОРИ КОИ ГИ ОКТРОИРАА НА ВЛАСТ, НЕ ГИ ПУШТААТ НИЗ ВОДА!
Македонската Алијанса со години предупредува за лицемерието на ЕУ на чело со Меркел. Едно зборуваат јавно, друго прават на дело. Арно ама, Заев и компанија ќе мора да понесат одговорност што дозволија да бидат насамарени. Исто како Глигоров и Црвенковски, така и оваа генерација на СДСМ, реши да го жртвува сопствениот народ и наивно ги прифати сите иредентистички и срамни уцени на Грција и Бугарија! Пред повеќе од 10 години не беше доволна Времената Спогодба, сега не е доволна Преспанската Спогодба! А за сите нив, ние кои со децении водиме битка во САД со моќната Грчка Дијаспора и со Бугарските иреденти, и точно знаеме кои се нивните вистински намери, сме заглавени во историјата и патриоти со нереални визии за иднината на Татковината! Тешка трагедија за Македонија и Македонската нација е што везден се појавуваат некои квази политичари кои немаат интегритет, храброст и капацитет да се борат за иднината! Се додека личните интереси, алчноста за привилегии и гола власт се главен мотив кај Македонските политичари, Татковината ќе биде жртва!
ЈАС НИКОГАШ НЕ МОЖАМ ДА СЕ РАДУВАМ ДА НЕУСПЕСИТЕ НА СВОЈАТА РОДНА ЗЕМЈА! ПРЕДАВНИЦИ ПРЕСТАНЕТЕ ДА ЈА ПЛАШИТЕ НАЦИЈАТА ДЕКА НИЕ ИСКРЕНИТЕ ПАТРИОТИ СМЕ НАЦИОНАЛИСТИ И ЌЕ СМЕ ЈА ЗАГЛАВЕЛЕ ЗЕМЈАТА ВО МИНАТОТО! НЕ, НИЕ СМЕ ВИЗИОНЕРИ И СМЕ ДАЛЕКУ ПРЕД ВАС! НЕМА ДРУГ ПАТ ЗА НАС! МАКЕДОНСКАТА ДИНАСТИЈА ЌЕ БИДЕ ВОЗОБНОВЕНА СО СИТЕ НАЦИОНАЛНИ ОБЕЛЕЖЈА! СЕ ШТО Е МАКЕДОНСКО И СВЕТО ТРЕБА ДА СЕ ВРАТИ НАЗАД! САМО ГОРДА И ИСПРАВЕНА МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА НАПРЕДУВА И ДА ОБЕЗБЕДИ СИГУРНА ИДНИНА!НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА