ЧУДО КАКО НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА НЕ ОРГАНИЗИРАШЕ ПРОСЛАВА ПО ПОВОД 1 ГОДИНА ОД ДОГОВОРОТ ЗАЕВ -ЦИПРАС! КАЕЊЕ ЗА ЗЛОСТОРСТВОТО КОЕ МУ ГО НАНЕСОА НА СОПСТВЕНИОТ НАРОД НЕ ПРИФАЌАМЕ! ДОВОЛНО ПРЕДУПРЕДУВАВМЕ!
Нема прочка за сите они кои учествуваа во промена на светото Македонско име, прифатија дека Македонската нација е вештачка творба на Тито создадена после Втората Светска војна во 1944, се откажаа од нашите браќа и сестри во Егејска Македонија, им овозможија на Грците да лажат дека имаат монопол врз Александар Македонски и прифатија да ја ревидираат Македонската историја по Грчки терк. И покрај фактот што повеќе од 700 илјади граѓани на референдумот беа против Договорот Заев – Ципрас, предавниците насила ги истуркаа ратификацијата и Уставните измени во Македонското Собрание! Затоа им следува тешка политичка казна која ќе ги стигне на парламентарни избори.
Лажните ветувања дека предавството со Грција е карта за брза интеграција во ЕУ после 1 година се разобличуваат. Ципрас е на праг да стане минато во Грција, идниот Грчки Премиер, Мицотакис најавува нова Грчко вето за ЕУ. Бугарија отворено се заканува дека ако не ги прифатиме сите нивни ултиматуми за промена на историските факти и не се побугарчиме, нема ЕУ. Се уште е целосно неизвесно дали во септември или до крајот на 2019 ќе ни биде одреден датум за преговори.
МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА Е УШТЕ ПОВЕЌЕ ПАТРИОТСКИ ОСВЕСТЕНА ЗА ОВИЕ 365 ДЕНА. И ОНИЕ КОИ БЕА ИЗЛАЖАНИ РАЗБРАА ДЕКА БИЛЕ ЗЛОУПОТРЕБЕНИ ЗА ЛИЧНА ПОЛЗА НА ЕДЕН ГРСТ ПРЕДАВНИЦИ КОИ ЦЕЛОСНО СЕ СТАВЕНИ ВО СЛУЖБА НА ТУЃИ ИНТЕРЕСИ! СЕ ШТО Е МАКЕДОНСКО И СВЕТО ЌЕ СИ ВРАТИМЕ НАЗАД, БЕЗ КОМПРОМИСИ! НЕМА ВЕЌЕ ШТЕТНИ ПОЛИТИЧКИ ПАЗАРИ! МАКЕДОНСКАТА ДИНАСТИЈА ЌЕ БИДЕ ОБНОВЕНА СО СИТЕ НАЦИОНАЛНИ ОБЕЛЕЖЈА! САМО СИЛНА НАЦИЈА Е ГАРАНЦИЈА ЗА СИЛНА ИДНИНА! НИЕ СМЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПОЛИТИЧКАТА БОРБА КОЈА СЛЕДИ!
НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСААЛИЈАНСА