ДОДЕКА ЗАЕВ СЕ ОТКАЖА ОД МАКЕДОНЦИТЕ ВО РЕГИОНОТ МАКЕДОНСКОТО ДРУШТВО ИЛИНДЕН ОД ТИРАНА СЕКОЈА ГОДИНА ИЗВОЈУВА ПОБЕДА ВО ФУЕН!
Македонската Алијанса ја поздравува одлуката на Федералната Унија на Европски националности – ФУЕН, која на 64-от Конгрес кој се одржа во Братислава, Словачка на предлог на Македонското Друштво „Илинден“ од Тирана едногласно усвои Резолуција за образовна и културна автономија за нашите браќа и сестри Македонци во Албанија. ФУЕН ваквата Резолуција, од името на сите 105 делегати, претставници на 103 организации од 35 Европски земји, ќе ја достави до Албанските институции од кои се бара на Македонците од Голо Брдо, Гора и Мала Преспа, да им се овозможат универзалните демократски права.
ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ПРАТЕНИК ОД МАКЕДОНСКАТА АЛИЈАНСА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА ВО АЛБАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, ВАСИЛ СТЕРЈОВСКИ ЌЕ ПОМОГНЕ ВО ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА СИЛНА ТАТКОВИНА!
Прво, преиспитување на административната поделба од 2015 и формирање на Општина Голо Брдо и Општина Гора, Македонците да имаат загарантирано најмалку еден пратеник во Албанскиот Парламент, Европскиот Парламент да ја поништи Резолуцијата на најголемите негатори на Македонскиот идентитет, Бугарските Европратеници, Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски со која Македонците од Преспа, Голо Брдо и Гора во 2017 беа прогласени за Бугари. Второ, Албанската Влада да отвори катедри за Македонски јазик на Државните Универзитети во Тирана и „Фан Ноли“ во Корча. Трето, Албанската Влада да отпочне постапка за пропорционална застапеност на Македонците во сите државни институции, органи на локална самоуправа и локална администрација каде што живеат Македонци, како и Македонски претставник во Управниот Одбор на Албанската Државна телевизија. Конечно, Албанските партии во Македонија да се одважат и да застанат зад овие барања за унапредување на правата на Македонците кои живеат и работат во Албанија.
Македонска Алијанса му честита на Претседателот на Македонското Друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај, како и на сите наши браќа и сестри од Албанија. Нашата децениска борба за правата на нашите браќа и сестри Македонци во Егејска, Пиринска Македонија и Албанија е најсилен доказ дека Македонците и покрај сите предизвици никогаш не се предава и на крајот секогаш победува!
НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА! НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА