Во Собранието денеска ќе заседаваат Законодавно-правната и Комисијата за надворешна политика.
Комисијата за надворешна политика ќе расправа по Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за основање културно-информативни центри во двете земји, како и по Предлог-законот за ратификација на Протоколот за дефиниција на поимот „производи со потекло“ и методите на административна соработка кон Договорот за изменување и пристапување кон Централноевропскиот договор за слободна трговија.
Законодавно-правната комисија ќе одржи две седници. На едната за дискусија се Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за основање јавно претпријатие Македонска радиодифузија, во второ читање и Статутарната одлука за изменување на Статутот на Агенцијата за пошти (прва фаза), додека на другата седница пред членовите на Комисијата се Статутарната одлука за изменување и дополнување на – Статутот на Регулаторната комисија за домување (прва Фаза), Предлог-законот за изменување на Законот за вработените во јавниот сектор, Предлог-законот за контрола на надворешно трговскиот промет со необработени дијаманти, Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за основање културно-информативни центри во двете земји, како и по Предлог-законот за ратификација на Протоколот за дефиниција на поимот „производи со потекло“ и методите на административна соработка кон Договорот за изменување и пристапување кон Централноевропскиот договор за слободна трговија.