Цели 11 години, земјоделците беа мета на притисоци, закани, уцени заради остварување на личните бизнис интереси на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Денес, ВМРО-ДПМНЕ може само да гледа и да учи што значи вистинска грижа за земјоделците и земјоделството. Официјалните податоци ја докажуваат успешноста на земјоделските политики на СДСМ.
Субвенциите се исплаќаат редовно, неселективно и навремено тогаш кога им се најпотребни на земјоделците.
Oткупот и продажбата на земјоделски производи бележат раст, и во првиот квартал од годинава се повисоки за 5,9 отсто во однос на истиот период од 2018 година.
Платежната агенција исплати 5,5 милиони евра субвенции за одржување на овошни насади.
Со воведување на мерката „зелена нафта“ 200 милиони денари се враќаат назад кај над 55 илјади земјоделци.
Новиот Закон за закуп на земјоделско земјиште овозможува правилна и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште. Земјоделските стопанства можат да аплицираат на огласи за закуп се до обезбедување на површини од 10 хектари со што се создаваат услови за окрупнување на површините и зголемување на производството.
Владата предводена од СДСМ пролжува со посветена грижа за земјоделството, враќање на достоинството на земјоделците и обезбедување повеќе пари кај секој земјоделец.