Николоски, Ѓорчев и Муцунски на Политичкото собрание на EПП во Брисел

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ составена од потпретседателот Александар Николоски, членот на Извршниот комитет Влатко Ѓорчев и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски ќе присуствува на Политичкото собрание на Европската народна партија.

Се работи за прв состанок на Политичкото собрание на ЕНП после изборите за Европскиот парламент. На истото ќе се направи анализа на резултатите од изборите и ќе се заземе стратегија за дејствувањето на ЕНП во однос на формирањето ма Европската Комисија и креирањето на европската политика во следниот петгодишен период. Покрај Претседателот на ЕНП Жозеф Дол свое обраќање ќе има и Манфред Вебер, кандидат на ЕНП за Претседател на Европската Комисија. Исто така, на состанокот ќе се дискутира за подготовката на следниот Конгрес на ЕНП кој ќе се оддржи во Загреб во ноември, а свои обраќања ќе имаат и Претседавачите на ЕНП во парламентарните собранија на Советот на Европа и НАТО.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари повеќе средби во Брисел на кои ќе ги информира своите соговорници за актуелната политичка состојба во Република Македонија, а ќе ја афирмира стратешката определба за членството на Република Македонија во Европската унија. Со соговорниците се очекува да се разменат мислења околу европската перспектива на Македонија, при што ВМРО ДПМНЕ смета дека неспособноста и корупцијата во актуелната Влада на Заев ја уништува европската перспектива и можноста за отварање пристапни преговори поради што час поскоро се потребни предвремени парламентарни избори и промена на власта.