Директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи Даријан Сотировски упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до сите верници од исламската вероисповед по повод празникот Рамазан Бајрам.
– По завршувањето на месецот на постот и простувањето, верниците ги оплеменуваат своите срца и со радост го дочекуваат големиот празник. Рамазан Бајрам ги актуелизира вредностите на човечност, мир, сочуство и љубов кон ближниот. Нè потсетува дека добрите дела кон сите луѓе, меѓусебното почитување и солидарност, се вистинскиот пат по кој треба да се чекори. Во тоа име, Ви посакувам овој Рамазан Бајрам кај Вас и кај сите верници да ги отвори срцата кон уште поголемо разбирање и љубов за да можеме заеднички да придонесеме кон градењето на едно мирно, про-сперитетно и мултиконфесионално општество, вели Сотировски во честитката.