ИЛИЕВСКИ ТРГНА ВО КОНЕЧНА БИТКА

Прославениот македонски репрезентативец, Владо Илиевски, денеска ја поднесе својата кандидатура за нов претседател на КФМ, на местото на Пеце Наумоски. Со тоа и официјално почна да тече рокот од 14 дена во кои актуелниот претседател мора да свика седница на Собранието на КФМ, се разбира вонредна, на која ќе биде ставена смена на претседателот како точка на дневниот ред.

Конечната битка за подобро утре на македонската кошарка почна. Илиевски го има мнозинството од делегатите, малкумина се на страната на Наумиоски, што значи дека евидентно е дека Наумоски ќе биде сменет.

Засега Илиевски е единствениот кандидат за функцијата. Пред Новогодишните празници во игра беше и Даниел Димевски, кој веќе беше на таа функција, но тој на изненандување на сите се повлече од игра. Сепак не е исклучено тој да се врати во кошарката, ако не како претседател, тогаш на некоја друга функција, и заедно со Илиевски да ја повлечат македонската кошарка нагоре и напред од “мртвилото” во кое се наоѓа.