За разлика од партијата на Костадинов каде владее апсолутистичкиот пристап на деспотот Заев, нема демократија и максимално централистички се носат одлуките, додека органите и телата на партијата служат за декор за одобрување на неговите политики, во ВМРО ДПМНЕ има демократија, се носат одлуките низ транспарентна процедура и истите се почитуваат.
За да му се расчистат дилемите на Костадинов вчерашната одлука ја донесе Извршниот Комитет чиј дел е и учествува во одлуките и Претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
Во желба за поголема демократија го охрабруваме Костадинов да го крене гласот против деспотизмот на Заев, кој се докажа дека носи еднострани одлуки.
Воедно кога сме кај апсолутизмот и справувањето со него, досега Костадинов не го слушнавме да каже ниту збор за уценетите медиуми, за апсолутизмот на власта во медиумите кој е невиден до сега, да застане во заштита на слободата на говорот или пак да каже нешто за оставката на уредникот Бранко Геровски за која како што ќе каже тој е последица на забелешките дека гаел критички однос кон власта.
Наместо да поставува дилеми, тези и хипотези го повикуваме да се позанимава и со внатрепартиските дворски игри во СДСМ, и операцијата метла каде однапред Заев се договори да се прераспределат функциите, да ја зацврсти позицијата пред очигледниот пораз и пред јавноста да глумат демократски промени тогаш кога и баш ништо нема да се смени во суштината на политиките кои и понатаму се погубни за граѓаните.