ЕК препорача почеток на преговори на Република Северна Македонија со ЕУ

Европската комисија даде зелено светло за почеток на преговори на Република Северна Македонија со ЕУ.

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини, денеска во Европскиот парламент ги презентираа најновите стратегии за проширувањето на ЕУ.

Конечната верзија на овие клучни документи се финализираше до доцна синоќа во просториите на Европската комисија.

Освен Северна Македонија и Албанија доби зелено светло за старт на преговори и позитивен извештај од ЕК.