Македонска и бугарска делегација во Рим на чествување за сесловенските просветители браќата Св. Кирил и Методиј

Македонска и бугарска делегација со заеднички активности во Рим ќе го слават делото на сесловенските просветители и ќе чествуваат за браќата Св. Кирил и Методиј.

Со нововостановената традиција и според утврдената програма, утре во Рим, делегациите на Република Северна Македонија и на Република Бугарија ќе положат цвеќе пред плочата на Република Северна Македонија во чест на Св. Кирил во Базиликата Санта Марија Маџоре, а потоа ќе учествуваат на миса во црквата „Св. Павел ала Регола“.

Македонската делегација во вечерните часови ќе присуствува на прием во бугарската резиденција во Рим, а потоа сите гости ќе проследат културно уметничка програма организирана од македонското Министерство за култура, на која ќе настапат музичките уметници Весна Гиновска Илкова и Дино Имери.

Државната делегација на Република Северна Македонија во Рим ја предводи претседателот на Собранието Талат Џафери.