ПОД ПЕТРИНСКАТА ПЛАНИНА – ОД ИЛИНО ДО ИЗБИШТА
Петринска планина е дел на планината Галичица, која е висока планина во Македонија. Заради особените природни убавини и карактеристичниот растителен и животински свет на шумите и шумските предели на планината.
Галичица, еден поголем дел од неа, на површина од 22.750 хектари, во 1958 година е прогласен за национален парк.
Националниот парк Галичица којшто се наоѓа во крајниот југозападен дел од Република Македонија, се карактеристика по положбата што ја зазема меѓу двете езера – Охридското и Преспанското, потоа, по разгранетата орографија и интересните геоморфолошки облици (длабоки долови, разни видови на карстни форми и леднички релјефни форми).
Најниска точка е нивото на Охридското Езеро 695 м.н.в. и нивото на Преспанското Езеро 850 м.н.в., а највисока врвот Магаро 2255 м.н.в. Планината Галичица има развиен релјеф со длабоки долови и стрмни падини кон двете езера. Поради релјефните карактеристики, единствениот масив на Галичица поделен е на четири засебни делови.
Делот јужно од Зли дол се именува како Стара Галичица. Тоа е највисокиот и најмаркантниот релјефен дел на националниот парк. Неговите страни стрмно се отсечени кон езерата и избраздени се со суводолици што на планината и дава изглед на непристапност. Во неговиот централен дел оформено е широко плато со надморска висина поголема од 2000 м. На него се застапени скоро сите површински карсни форми.
На север од него се наоѓа делот Галичица. Највисокиот врв Вакоски гној има централна позиција и висина од 1999 м. Во овој дел ширината на планината е најмала (9,75 км). Падините кон Охридското езеро се стрмни и слични со оние од претходниот дел, додека источните падини поблаго се спуштаат кон Преспанското езеро. Платото во централниот дел е на висина од околу 1400 м. и на него се оформени четири карстни полиња.
Остатокот од масивот меридијански е поделен на два дела и тоа Петрино кој гравитира кон Охридската и Исток кон Преспанската Котлина.
Панорама на Крушје
За водата на Преспанското Езеро, пак, се значајни реките кои извираат од Бигла, Пелистер и Галичица. Една од тие реки е Голема Река која извира од планинските масиви на селото Илино. Затоа и овој текст е насловен „Од Илино до Сопотско“, простор што обилува со голема количина на шуми и вода. Сите тие села во Горна Преспа се едни од најживописните и најборбените не само во Преспа, туку и пошироко во Македонија.
Една од главните карактеристики во западниот дел на Македонија, особено за Преспа претставува водното богатство. Водата во овој регион, главно, се користи за енергетски и мелиоративни цели. Меѓутоа, основно својство на водното богатство е тоа што го зголемува економскиот потенцијал и го преобразува природниот простор на чие подрачје се чувствува влијание на средоземната и континенталната клима. Овој простор на Македонија е богат и опкружен со многубројни високи планини и планински венци, меѓу кои се вгнездени голем број питоми и плодни полиња, како и природни и вештачки езера.
Еден од бисерите на оваа убава езерска земја на Балканот е Преспанското Езеро, познато по својот жив свет, крајбрежјето, изворите, природните убавини, геолошките, геоморфолошките, хидролошките, лимнолошките и други научни вредности. Тоа придонесе Преспа да биде позната со своите културни, естетски, воспитно-образовни, здравствени, туристички, рекреативни и други стопански значења и вредности за македонската општествена заедница.
Меѓутоа, за водата на Преспанското Езеро се значајни реките кои извираат од Бигла, Пелистер и Галичица. Една од тие реки е Голема Река која извира од планинските масиви на селото Илино. Затоа и овој текст е насловен „Од Илино до Избиште“, простор што обилува со голема количина на шуми и вода. Исто така, тие села во Горна Преспа се едни од најживописните и борбените не само во Преспа, туку и пошироко во Македонија.
Селото Лева Река
Селото Илино е сместено на разгранокот на Петринска Планина. Тоа е мало село во кое животот наполно згаснал во 1985 година, кога се иселиле неговите последни жители претежно во Охрид и некои охридски села. Од Илино води потекло Бил Серафиновски, градоначалник на една општина во Сиднеј, Австралија, познат и признат поборник за македонската кауза.
Селото Крушје, пак, е на десетина километри на патот од Ресен кон Охрид, сместено во подножјето на планината и на Голема Река. Тоа е прва населба во Преспа за намерниците кои доаѓаа од Охрид во Преспа. Крушје е старо и живописно село во кое секогаш живееле православни Македонци, со околу триесетина домаќинства и стотина жители. Тоа се потврдува со фактот дека во него постои црквата „Св. Никола“ една безимена во Горно Крушје, како и манастирот „Св. Спас“.
Во Илинденското востание и во Втората светска војна зеле учество бројни жители на ова револувионерно село, за што во селото се подигнати споменик за Илинденското востание изработен во мозаик, дело на доаенот на македонското сликарство – Лазар Личеноски и спомен-плоча на загинатите во во НОБ.
Од Крушје потекнува Борис Трајчевски, кој бил учесник во Шпанската граѓанска војна. Во Втората светска војна од ова село загинале: Ице Ангеловски, Ице Велјановски, Марјан Лазаревски и Бојан Лазаревски.
На патот кон Ресен, на неколку километри се напѓа селото Лева Река. Тоа е на дестина колометри на север од Ресен, во изолираната котлина на двете страни на истоимената река. Селото Лева Река е христијанско село во кое секогаш живееле православни Македонци. Во него живеат дваесетина домаќинства со шеесетина жители.
Дел од Избишта
До Втората светска војна селото немало ниту еден жител со завршено средно образование. По војната со вишо и со високо образование се стекнале преку петнаесет жители, од кои имало и на високи раководни места во државната администрација.Затоа со право се вели дека од мало место излегле многу паметни луѓе.
Во Лева Река има два археолошки локалитети и тоа; Старо Село, населба, црква и некропола од средниот век и горна Црква, осамен наод од доцноантичко време. Денес постои главната селска црква „Св. Никола“. Љоречани во текот на историјата мигрирале во повеќе европски и прекуокеански земји, и печалбарството кај дел од некои семејства станало традиција, а повеќето од нив мигрирале и живеат во странство.
На околу еден километар каде Лева Река се влива во Голема Река и продолжува кон Преспанското Езеро, распространето е селото Избишта Тоа е распослано меѓу плодните овошни градини, на двете страни на патот кон Ресен. Избишта е на околу 5 км северно од Ресен. Недалеку од селото завршува плодото Преспанско Поле и почнува клисурата на Голема Река, на патот кон Охрид.
Избишта е чисто христијанско, македонско село во кое живеат педесетина домакинства со околу 180 жители. Избиштани се познати овоштари и имаат голем број овошни насади. Во него има неколку стари локалитети од археолошко значење и една црква „Св. Архангел“, која е на излезот од селото, сместена над главниот пат кон Јанковец.. Таа е стара црква, а е реновирана во 1992 година.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН