Зголемени приходи во буџетот на Гевгелија

Во првиот квартал од годинава општина Гевгелија оствари досега највисок процент на приходи во изминативе осум години, реализирајќи околу 167 милиони денари од вкупно предвидените 627 милиони денари што претставува остварување од 26,61 отсто.

Од нив тековно оперативни приходи се 163 милиони денари,а капитални приходи само 3,8 милиони денари. Во основниот буџет се остварени 101,8 милиони денари или околу 37 отсто. Остварените тековни приходи изнесуваат 39,6 милиони денари,околу 1,6 милиони денари се наследени приходи и околу 61 милион денари се приходи од владата наменети за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа.

Во истиот период реализирани се расходи од 152 милиони денари од кои 87,3 милиони денари биле тековно оперативни и околу 65 милиони денари биле капитални расходи.

–За прв пат во последните осум години имаме ваков висок процент на остварени приходи во основниот буџет во еден квартал. Точно е дека капиталните приходи се мали,но треба да се има предвид дека не можеме да продаваме градежни парцели и да остваруваме приходи без да ги обезбедиме основните комунални предуслови,рече градоначалникот Сашо Поцков во своето обраќање во кое укажа на преземените активности за финансиска консолидација на општина Гевгелија .