Писмена реакција за бесправното градење минаре на Алипашината џамија во Охрид

ФАКТУРИТЕ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ СТИГНУВААТ! МАЛЦИНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЗАБОРАВИ ШТО ЗБОРУВАШЕ ВО КАМПАЊАТА! АЈДЕ СЕГА НЕКА ГО ПОСЕТИ ОХРИД И ОД ПРЕД АЛИПАШИНАТА ЏАМИЈА НЕКА ПОВИКА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ ЗАКОНИТЕ!  

 

Од 12 мај, Пендаровски, Заев, Димитров и Шекеринска ја имаат целата власт. Приказните за некакви метли не можат да го сокријат фактот дека се клекнати во скутот на вечните Ахмети и ДУИ. Заради алчноста за власт, немакедонската Влада создава атмосфера дека Македонската нација е гостин во сопствената Татковина.

 

КАКО ОЧЕКУВАМЕ ЕУ ДА НИ ОДРЕДИ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ АКО ВЛАСТА НЕМА МОЌ ДА ГО САНКЦИОНИРА БЕСПРАВНОТО ГРАДЕЊЕ МИНАРЕ НА АЛИПАШИНАТА ЏАМИЈА ВО ЗАШТИТЕНО ПОДРАЧЈЕ ОД УНЕСКО?

 

Жално е колку се потценуваат граѓаните. Министрите си ја префрлуваат одговорноста од еден на друг наивно мислејќи дека ако Државните институции се прогласуваат за ненадлежни дека ќе избледнат срамните политички пазари. И дивите платформи на кањонот Матка во Скопје и минарето во Охрид се слика и прилика за селективна правда. Нека се обиде некој Македонец или Албанец без политичка подршка да изгради на диво една педа, ќе му се истурат сите од ред! Ќе плати и драконски парични казни и во затвор ќе го пикнат! А обвинети за тешки дела против човештвото или се во бегство или се на највисоки државни функции!

 

ЈАВНОСТА БАРА ОДГОВОР ДАЛИ ЗАЕВ И ПЕНДАРОВСКИ СВЕСНО ПРИФАЌААТ СЛАБЕЕЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ДОДЕКА АЛБАНСКАТА НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА СЕ ЗАСИЛУВА НА БАЛКАНОТ? ИМА ЛИ КРАЈ? ШТО Е СЛЕДНО, ОТВОРАЊЕ НА ХИМНАТА?

 

ОВОЈ ПРОЕКТ ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ДУХОТ И ПОНИЖУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА БРЗО ЌЕ ЗАВРШИ! ЌЕ ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА СМЕТКИТЕ И ПОЛИТИЧКА ОДГОВОРНОСТ ЗА СИТЕ ПРЕДАВСТВА! НЕМА ПРОСТОР ЗА РАЗОЧАРУВАЊА И ПОВЛЕКУВАЊА. НЕ СТЕ САМИ! НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

                                                                                         Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА