Скандалозното признание на пратеникот на СДСМ, Павле Богоевски, кој патем по наобразба е криминалист, дека нелегално набавувал наркотични средства е најпрецизен опис на кое дереџе е доведена политиката во Македонија. Наместо, од морални причини веднаш да поднесе оставка, Богоевски, неговите колеги од СДСМ заедно со дежурните медиумски послушници на немакедонската Влада се обидуваат да го претстават за жртва на нелегално прислушување!
КАКО НЕ ВИ Е СРАМ! КОГА ВИЕ ОБЈАВУВАВТЕ НЕЛЕГАЛНО СТЕКНАТИ ПРИСЛУШУВАНИ РАЗГОВОРИ ТОГАШ ТОА БЕШЕ „ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА“, А КОГА СТАПОТ ПОЧНА ПО ВАШИОТ ГРБ ДА УДИРА, СЕГА НАВОДНО ВЕ МЕСТАТ!
НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ! ДОДЕКА НА ДЕЦАТА ДА ИМ СЕ ЗАБРАНУВА УПИС ВО УЧИЛИШТЕ АКО НЕМААТ ПРИМЕНО ВАКЦИНИ ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ ЕПИДЕМИЈАТА НА МОРБИЛИ, ШТО Е ИСПРАВНО, БОГОЕВСКИ СЕ УШТЕ Е ПРАТЕНИК КОЈ НЕ САМО ШТО ПРИЗНА ДЕКА ПРИЧИНИЛ КРИВИЧНО ДЕЛО ТУКУ И ОДБИВА МЕДИЦИНСКИ ТЕСТ ЗА УПОТРЕБА НА НАРКОТИЦИ! ДА ВИДИМЕ ДАЛИ БОГОЕВСКИ БИЛ ПРИ ЗДРАВА СВЕСТ И РАЗУМ КОГА ГИ ГЛАСАЛ ПРЕДАВСТВАТА СО ГРЦИЈА И БУГАРИЈА? САМО СО ВАКВИ КАДРИ МОЖАТ ДА СЕ РАЗДАВААТ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ!
ОВОЈ СКАНДАЛ Е ПРИЧИНА ПЛУС ЗОШТО Е ИЗДРЖАНО НАШЕТО БАРАЊЕ ЗА ТЕМЕЛНИ РЕФОРМИ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО! СО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ОТВОРЕНИ ЛИСТИ НЕМА ДА МОЖЕ НИКОГАШ ПОВЕЌЕ ВАКВИ КАДРИ ДА СЕ ПРОВЛЕКУВААТ ВО МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ! ДОСТА Е ОД ПОНИЖУВАЊА НА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА!
ЗА ПРОЦЕСОТ КОЈ СЛЕДИ ПОТРЕБНИ СЕ ПРАТЕНИЦИ СО ЛИЧЕН ИНТЕГРИТЕТ КОИ ЌЕ МИСЛАТ СО СВОЈА ГЛАВА И ЌЕ ИМААТ ПОЛИТИЧКА ХРАБРОСТ ДА ГИ ШТИТАТ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ, БЕЗ ДА СЕ ПЛАШАТ ДАЛИ ЌЕ ГИ ИЗГУБАТ ФОТЕЉИТЕ И ПРИВИЛЕГИИТЕ!
ЗА СИЛНА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА СЕ ПОТРЕБНИ МОРАЛНО И ПОЛИТИЧКИ СИЛНИ ЛУЃЕ!
НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА