Димитров во Берлин на дебата „Западниот Балкан по решавањето на прашањето за името“

 Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во германскиот Бундестаг ќе говори на дебатата „Западниот Балкан по решавањето на прашањето за името: постигнувања, предизвици и перспективи“, што ја организираат парламентарните групи на Зелените и на германската секција на Унијата на Европските Федералисти, во која членуваат пратеници од четири политички партии – ЦДУ/ЦСУ, Социјал-демократи, Зелените и Либералите.

Пред денешната дебата во Бундестагот Димитров преку Твитер порача дека пред германските пратеници има да раскаже добра европска приказна за нашата држава.

Шефот на дипломатијата ќе има средби со пратеници во Германскиот парламент на кои ќе им го презентира напредокот на Република Северна Македонија и подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори во ЕУ.

Програмата на дводневната посета опфаќа и средби со други релевантни соговорници од Министерството за надворешни работи и други владини претставници, соопшто МНР.