Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска нема да се вклучи во работата на Парламентот. Оваа одлука е донесена на денешниот координативен состанок со партискиот врв што заврши околу 11 часот, јавува МИА.
Од партијата не наведуваат детали зошто тие донесоа ваква одлука, само посочуваат дека претседателот на партијата Христијан Мицковски во 13 часот ќе одржи прес-конференцикја на која таа ќе биде образложена.