Фудбалерите на Вардар успеаја да го добијат одложениот натпревар од осмото коло против Академија Пандев во Струмица со 2-0 и на тој начин останаа во трка со лидерот на табелата Шкендија за освојување на титулата оваа сезона. Головите за Вардар ги постигнаа Максим Максимов во 45 минута и Аце Стојков во 88 минута од средбата. Ова е четврта победа во низа за “црвено-црните”.
Инаку на програмата беше седумнаесеттото коло од првата лига, во кое Вардар требаше да се сретне со Академија Пандев. Овој дуел ќе се одигра на 10 декември во Скопје.
На останатите натпревари Силекс го совлада Работнички со 2-1, иако гостите поведоа со 0-1. Победа на гости извојува и Победа која со голот на Гешоски од пенал го совлада Скопје со 1-0, а во Битола по водството на домашните од 2-0, екипата на Шкупи успеа да израмни на 2-2 и со бод да се врати во Скопје.
Во саботата Шкендија високо ја совлада Ренова со 6-1.
Табела: Шкендија 43, Вардар 32 (-2), Силекс 28, А. Пандев 26 (-1), Работнички 20 (-1), Шкупи 20, Победа 18, Ренова 17, Пелистер 16, Скопје 10