Академик А.Шкокљев-Дончо и Славе Катин
ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ
ДЕЛ 5
АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ “ЦЕРЈЕ” КАЈ СЕЛОТО ГОВРЛЕВО, СКОПСКО И ЛОКАЛИТЕТОТ “КОКИНО”, КУМАНОВСКО
*********************
При истражување на неолитската населба кај Говрлево, на II хоризонт на живеење, археологот Милош Билбија во 1982-1983 година, открил тркалезен керамички печат со држалка во вид на стилизирана глава од птица и со длабоко вдлабнат НАТПИС со кружната периферија на артифактот и на самата тркалезна површина на пеатот.
Мегалитната опсерваторија во Кокино, пак, се вбројува меѓу највредните стари опсерватории во светот. Заради тоа, во 2005 година американската вселенска агенција НАСА во листата од 15 вакви опсерватории во светот го рангираше Кокино на четврто место.
******************
Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот “Церје” кај селото Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982-1983 година, при истражување на неолитската населба кај Говрлево, на II хоризонт на живеење открил тркалезен керамики печат со држалка во вид на стилизирана глава од птица и со длабоко вдлабнат НАТПИС по кружната периферија на артефактот и на самата тркалезна површина на печатот.
Општата композиција на натписите од печатот има СОЛАРНА И КОСМОГРАФСКА СИМБОЛИКА составен со ПИСМЕНИ ЗНАЦИ на древното МАКЕДОНСКО ФОНЕТСКО ПИСМО и на ДРЕВЕН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. Во површината на кругот е КОСМОГРАФИЈА во вид на КОНЦЕНТРИЧНИ КРУГОВИ со графеми и лигатура од синтагмата, која дешифрирана од десно на лево и соодветно траскрибирана со букви од современата кирилска азбука гласи: “СЛ С БО СМ”, а тоа на современ македонски литературен јазик ќе рече: “САЛ СО БОГА СУМ” или “САМО СО ГОСПОД СУМ”, односно со поинаква семантика: “АЛ СО БОГОТ САМ” или “САМО СО ГОСПОД САМ”.
На тркалестата површина по должината на кругот, т.е. на периметралната тркалезна бочна страна на печатот е изгравирана истата синтагма, но со калиграфски стилизирани букви од ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА АЗБУКА, кои и ги формираат ПИСМЕНИТЕ ЗНАЦИ на таканареченото ТАЈНО МАКЕДОНСКО ПИСМО што се користело за одделни МИТОЛОШКИ или ВЕДСКИ ЛИГАТУРИ, за бележење на ТАЈНИ ПОРАКИ или СИМБОЛИЧНО ЗАПИШУВАЊЕ на РАЗНОВИДНИ БОЖЕСТВЕНИ ИСКАЗИ, а во случајот на керамикиот печат од Говрлево, каде што се оштетени првите две графеми, тајниот запис на синтагмата “СЛ С БО СМ” – СО БОГА СУМ”.
Од бронзеното време (3.000-1.200 год. п.н.е.), веројатно, околу 1.500 год.п.н.е. потекнува праисторискиот БРОНЗЕН ПЕЧАТ од локалитетот “Церје” кај Говрлево близу Скопје. На елипсовидната основа на печатот, покрај аплицираниот ЗРАЧЕН СИМБОЛ на ДВАНАЕСЕТКРАКО СОНЦЕ, кој композициски е оформен со релјефна контируирана цик-цак линија која создава 12 триаголници како 12 зраци на СОНЦЕТО, има и древен македонски натпис, кој е напишан со графеми на праисториско МАКЕДОНСКО ФОНЕТСКО ПИСМО и оддесно налево се дешифрира и транскрибира како “SНЛ”, а тоа ќе рече “SИНАЛ”, “SИРНАЛ” во смисла на “ВИДЕЛ”, “ПРЕГЛЕДАЛ”.
На двете тркалезни страни од пирамидалната форма на печатот, покрај СОЛАРНАТА СИМБОЛИКА во вид на КРУНА со 6 ЗАПЦИ (ТРИАГЛЕСТИ ЗНАЦИ), кој може да се дешифрира оддесно налево и како синтагма: и да се дескрибира како “МИ ИМ” и оддесно налево да се чита како “НИЕ НИМ”, на лента со развиена должина од 5,0 цм и висоина (Ширина) од 1,5 см а зачуван релјефен натпис, напишан со писмени знаци на древно МАКЕДОНСКО ГЛАСОВНО ПИСМО и на древен МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, со издвоени синтагми и кои се дешифрирани оддесно налево и соодветно транскрибирани со букви на современата македонска азбука значат: “КСИ ИЗ ПСД” и “ЛСИ ИЗ ПСД” во смисла “КУСИ (КУСИОТ) ОД ПСД” и “ЛИСИ (ЌЕЛАВИОТ) ОД ПСД”. Поимот “ПСД” во тоа дамнешно време, кога уште не биле отворени вокалите за сите слогови на зборовите, веројатно, знаел, “ПУСАТ” што на архаичен македонски јазик значи “ОРУЖЈЕ”, “ВООРУЖУВАЊЕ” или “ПОСАДА” што денес во македонскиот литературен јазик значи “ГАРНИЗОН ВО ТВРДИНА, МЕСТО”.
Ако знаеме дека во непосредна близина на селото Говрлево се наоѓа тврдина од пред римскиот период, а енеолитската населба на Корни Град од Скопската тврдина датира од 3.500 до 3.000 година п.н.е. тогаш станува јасно дека БРОНЗЕНИОТ ПЕЧАТ од “Церје” им припаѓал на ЗАДОЛЖЕНИ ЛИЦА од МАКЕДОНСКАТА ВОЕНА АДМИНИСТРАЦИЈА, кои во XV век п.н.е. пред 3.500 години имале овластување да прегледуваат и потврдуваат договори или трансакции на територијата на ГОРНА МАКЕДОНИЈА или ПЕОНИЈА близу Скопје што била под контрола на ПОСАДАТА од тврдината во Говрлево, а можеби и од Скопје, па затоа интегралниот текст на натписот од БРОНЗЕНИОТ ПЕЧАТ од “Целје” близу Говрлево од Васил Иљов чиј што дешифрирани оддесно налево и соодветно транскрибирани со графеми од современото македонско писмо графитите значат: “SНЛ КСИ ПСД”, односно “SНЛ ЛСИ ИЗ ПСД” што на современ македонски литературен јазик го имаат следново значење: “SИРНАЛ КУСИ (КУСИОТ) ОД ПУСАТОТ” или “SИРНАЛ КУСИ (КУСИОТ) ОД ПОСАДАТА” и “SИРНАЛ ЛИСИ (ЌЕЛАВИОТ) ОД ПУСАТОТ” или “SИРНАЛ ЛИСИ (ЌЕЛАВИОТ) ОД ПОСАДАТА”.
Интересно е да се истакне дека името ЛСИ (ЌЕЛАВ) денес во Украина фигурира како корен на некои презимиња, да речеме, ЛИСЕНКО, ЛИСОВСКИ и т.н., а во Македонија името ЛСИ или ЛИСИ (ЌЕЛАВ) и ден денес може да се сретне како корен на следниве презимиња: ЛИСИНАЦ, ЛИСИЧОВ, ЛИСИЧКОВ, ЛИСОВСКИ и т.н. додека името КСИ (КУСИ) денес може да се сретне во Македонија во форма на корен на многу презимиња и тоа: КУСАКАТОВ, КУСАКАТСКИ, КУСАКОВСКИ, КУСЕВ, КУСЕВСКИ, КУСЕМИЛЕВ, КУСИНИКОВ, КУСИТАСЕВ, КУСИТАСЕВСКИ, КУСАРОВСКИ, КУСКИНСКИ и т.н.
Мегалитската опсерваторија Кокино се наоѓа во атарот на Општина Старо Нагоричане, на околу 50 километри воздушна линија од Скопје, односно 35 километри оддалеченост од Куманово. Таа е поставена на врвот “Татичев камен”, а името го добила по најблиското село Кокино.
Опсерваторијата случајно е откриена во 2001 година, а во 2002 година се започнати истражувањата од страна на Народниот музеј во Куманово, предводени од аргхеологот Јовица Станковски. Таа е датирана во 1800 година п.н.е., односно раното бронзено време.
Магалитската опсерваторија се наоѓа на неовулкански рид. Карпите се создадени со стврнувањето на лавата која истекла од вулканси кратер. Времето и ерозијата направиле процепи и дел од тие процепи биле главните маркери низ кои се следеле циклусите на Сонцето и Месечината во периодите на кусодневница, рамнодневница и долгодневница, како и нивните отстранувања. Сонцето, всушност, само на рамнодневниците – на 21 март и на 21 септември – изгрева точно на исток и заоѓа на запад. Потоа постепено има отстапувања до 45 степени.
Местата на изгревање кои се опфаќаат со природните маркери на мегалитните карпи во Кокино укажуваат дека изгревањата на исто место на Соцето се повторуваат на 18,6 години. Веројатно некои членови на племенската заедница имале задача секојдневно да ги следат движењата на небесните тела и да прават календари за одредување на деновите за ритуалните обреди, како и за започнување на сезонските работи во земјоделието и сточарството.
Опсерваторијата е сместена на две скалести платформи од кои се следеле планетите. На горната платформа се пронајдени траги од неколку објекти и делови на керамика. Според наодите на археолозите, на локалитетот Кокино, всушност, немало живеалишта, туку дека опсерваторијата воедно била и светилиште, а во процепите на карпите се ставале предмети наменети за нивните божества. На локалитетот има и еден вид престол каде што најверојатно, седеле старешините и водачите на племето.
Мегалитната опсерваторија во Кокино се вбројува меѓу највредните стари опсерватории во светот. Заради тоа, во 2005 година американската вселенска агенција НАСА во листата од 15 вакви опсерватории во светот го рангираше Кокино на четврто место.
Првите четири опсерватории според НАСА се: 1. Абу Симбел-Египет. 2. Стоунхеинџ-Велика Британија. 3. Ангкор Ват-Камбоџа- 4. Кокино-Република Македонија.
Продолжува