МАЛЦИНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МОРА ДА ГИ ОДРАБОТИ АЛБАНСКИТЕ ГЛАСОВИ НА ВЕЧНИТЕ АХМЕТИ И ДУИ! ЈАВНОСТА БАРА ОДГОВОР ДАЛИ ЗАЕВ И ПЕНДАРОВСКИ СВЕСНО ПРИФАЌААТ СЛАБЕЕЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ДОДЕКА АЛБАНСКАТА НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА СЕ ЗАСИЛУВА НА БАЛКАНОТ? КАКВА Е ТАА УНИЈА НА АЛБАНСКИ ОПШТИНИ ВО РЕГИОНОТ?
Факт е дека нашите сограѓани Албанци реално уживаат највисок степен на слободи и права како малцинска етничка заедница. Нашето општество е пример во светски рамки за почитување на етнички и религиските прави на различни заедниците кои живеат и работат во Татковината. Срамно и скандалозно е заради фотеља, власт и привилегии Пендаровски да застапува теза дека се уште Македонците и Албанците не се рамноправни 100%! И со тоа да им прави кеиф на Албанските фактори кои ги злоупотребуваат Албанските гласови за да бидат ортаци во сите Влади! Македонците не можат да бидат гости во сопствената Држава. Немакедонската Влада за гола власт на сила го направи Џафери втор човек на Државата, воведе двојазичност, лажно го направи Рамковниот Договор конститутивен елемент на Република Македонија. Што мисли Пендаровски, дека е ова не е доволно? Зошто нема попис? Што е следно, отворање на Македонската химна? Заев, Димитров, Шекеринска и Пендаровски нека се запрашаат зошто Македонците во Албанија не ги уживаат истите права како Албанците во Македонија?
Папата Франциск при посетата на Република Македонија го кажа истото што јас секогаш сум го говорел, а тоа е: „Едно дрво без корења ќе се исуши, една нација без историја ќе исчезне“. Ги прашувам Македонските политичари и Македонскиот народ, дали вистински ја разбравте оваа порака? Ако ја разбравте треба да постапите по неа.
ИСПЛАШЕНИОТ ЗАЕВ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ БРАНИ СО НАЈАВИ ЗА НЕКАКВИ МЕТЛИ! НИЕ ИМ ПОРАЧУВАМЕ ИЗМЕТЕТЕ СЕ САМИ ПРЕД МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ДА ВЕ ИЗМЕТЕ ЗА НАВЕК!
НЕМА ПРОСТОР ЗА РАЗОЧАРУВАЊА И ПОВЛЕКУВАЊА. НЕ СТЕ САМИ! НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА! НИЕ ИМАМЕ ВОЛЈА И ЗНАЕМЕ КАКО ДА СЕ ИЗБОРИМЕ ЗА ТАТКОВИНАТА!
НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА