ДОМ: Со Пендаровски да продолжиме заедно напред

ДОМ ги повикува сите граѓани, во недела, на 5 мај масовно да излезат на гласање и да го поддржат претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Со изборот на Пендаровски, избираме стабилност, просперитет и евро-атлантска перспектива за нашата земја. Тоа е вистинскиот избор за економски раст и благосостојба, демократија, почитување на човековите права и слободи, владеење на правото, борба против организираниот криминал и корупцијата, социјална правда, еднакви можности за сите, солидарност, како и заштита на животната средина и борба против климатските промени.

Со изборот на Пендаровски, избираме Претседател кој ќе обединува и ќе работи во интерес на сите граѓани, без разлика на нивната етничка, религиска или политичка припадност.

Затоа, на 5 мај, во демократска и фер изборна атмосфера, да гласаме за Стево Пендаровски и да продолжиме заедно напред за поквалитетен живот на сегашните и идните генерации!