Во недела, Турците со својот глас ќе придонесат за концептот „заедно напред“

Дојде време на 5-ти мај да се демаскира и последниот лик на груевизмот и конечно Република Северна Македонија да добие вистински Претседател кој ќе ја обедини земјава и ќе биде респектиран во целиот свет.

Со изборот на Стево Пендаровски ќе продолжиме со јасни чекори кон стабилна, просперитетна, европска иднина. Турците во Република Северна Македонија секогаш умееле да ги препознаат колективните вредности и да бидат одговорни граѓани, веруваме дека тоа ќе го сторат и на 5-ти мај.

Нашата земја веќе е изморена од поделби, омраза, политички кризи. Не смееме да се вратиме назад во мракот! Со таа цел Партијата за Движење на Турците (ТХП) ги повикува сите Турци во Северна Македонија во недела да се одважат и со својот глас да придонесат да добиеме нов Претседател кој ќе не` обедини сите и заедно ќе продолжиме напред!