Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска го примил амбасадорот на Соединетите Мексикански Држави во Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Марко Антонио Гарсија Бланко.
На средбата, како што соопшти МНР, се разговарало за досегашниот развој на билатералниот политички дијалог и за одличната соработка во мултилатералната сфера. Биле разгледани и можностите и иницијативите за конкретна соработка и за интензивирање на односите во претстојниот период, особено во доменот на економијата и трговската размена, културата, дипломатската едукација, како и во други области од заемен интерес. Исто така бил потврден взаемниот и нтерес за унапредување на договорната рамка и за либерализација на визниот режим од мексиканската страна кон државјаните на нашата држава.
На средбата, министерот Димитров ги примил патентните писма за именување на Енвер Малики за почесен конзул на Соединетите Мексикански Држави во Република Северна Македонија.