Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува поддршката на Дол за Силјановска

Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ ја поздравува поддршката на Жозеф Дол кон кандидатката за претседател на ВМРО ДПМНЕ. ЕНП беше силен поддржувач на Преспанскиот договор и со ова се покажува дека истиот е прифатен како реалност од Силјановска Давкова и ВМРО ДПМНЕ.
Фактот дека поддршката на Жозеф Дол значи дека Гордана ги прифаќа предностите на договорот од Преспа, е позитивна промена.
Им посакуваме успех на кандидатите Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова и се надеваме дека ќе имаме мирен и успешен изборен ден. Тоа е многу важен аспект за понатамошните евроатлантски интеграции.