Писмена реакција за повикот на Беџет Пацоли

Поминаа 48 часа откако Косовскиот Вицепремиер и Министер за надворешни работи, Беџет Пацоли со јавен повик преку социјалните мрежи се вмеша во внатрешните работи на Македонија и им порача на Албанците за кого да гласаат во вториот круг. Ниту МНР, ниту Димитров лично, ниту немакедонската Влада не реагираат. Уште повеќе, кандидатот на Заев и Ахмети, несреќниот Пендаровски, кој јавно соопшти дека нема да тргува со Албанските гласови се уште е нем на овој потег на Косово. Во меѓувреме никој не дава логично објаснување зошто токму пред 2 круг од Претседателските избори се прави обид за смена на поглаварот на Исламската Верска Заедница. Паралелно, спортските интернет портали објавуваат скандалозно однесување на селекторот на Боречката репрезентација на Македонија, Вранези кој заедно со репрезентативецот Сејфулау, во Букурешт се фотографирале со Албанското знаме. Првенците на ДУИ продолжуваат да докажуваат дека благодарение на од нив обезбедените гласови Пендаровски обезбедил минимална разлика во 1 круг. Гласачите, без разлика на која етничка заедница припаѓаат, се тероризираат од власта.

 

НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ВО ПАНИКА И ОЧАЈ! ОНА ШТО ГО ПРЕДВИДОВМЕ, ЗА ЖАЛ, СЕ СЛУЧУВА! ФУНКЦИОНЕРИТЕ НА ЗАЕВ ПОСЕГНУВААТ ПО НАЈБРУТАЛНИТЕ МЕТОДИ ЗА ДА ГИ ПРИСИЛАТ ГЛАСАЧИТЕ ПО СЕКОЈА ЦЕНА ДА ГО ОПРАВДААТ НИВНОТО ПРЕДАВСТВО.

 

ДОСТА ГИ ПОТЦЕНУВАТЕ НАШИТЕ СОГРАЃАНИ АЛБАНЦИ! И НИВ ИМ Е ПРЕКУ ГЛАВА ДА ГИ ДАВААТ ГЛАСОВИТЕ НА ВЕЧНИТЕ АХМЕТИ И ДУИ КОИ СЕ ПАРТНЕРИ НА СЕКОЈА ВЛАДА! ДОСТА Е ОД НАЦИОНАЛИСТИЧКА РЕТОРИКА И ЗЛОУПОТРЕБА НА АЛБАНСКИТЕ ПРАВА ЗА ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА СЕ БОГАТАТ ВРЗ ГРБОТ НА ГРАЃАНИТЕ!

 

Македонската Алијанса повикува на висока будност. Заев на дело покажува дека е подготвен на се’. Ако за да дојде на власт на сила го направи Џафери втор човек во Државата, прифати двојазичност, лажно го направи Охридскиот Рамковен Договор конститутивен елемент на Македонија, дозволи Ахмети да му го наметнува и одобрува претседателскиот кандидат, тогаш сега кога е ранет кој знае што е подготвен да прифати.

 

ЈАВНО ПРАШУВАМЕ ДАЛИ ПРОМЕНАТА НА МАКЕДОНСКАТА ХИМНА СЕ СТАВА НА МАСА ЗА ПАЗАРЕЊЕ НА АЛБАНСКИТЕ ГЛАСОВИ ВО 2 КРУГ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ?

 

МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА УШТЕ ЕДНАШ ГИ ОТФРЛИ ПРЕДАВСТВАТА СО БУГАРИЈА И ГРЦИЈА! НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ КРЧМЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ ЗА ПРЕДАВНИЦИТЕ НАСИЛА И СО ПОЛНЕЊЕ КУТИИ ДА СИ ГО ПРОДОЛЖАТ ПОЛИТИЧКИОТ ВЕК! ЛЕГИТИМИТЕТОТ ТРЕБА ДА ИМ СЕ ВРАТИ НА ГРАЃАНИТЕ! ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ СО 1 ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ОТВОРЕНИ ЛИСТИ СЕ РЕШЕНИЕ!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

                                                                                         Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА