ВМРО-ДПМНЕ: Гордана Сиљановска Давкова ја доби мнозинската поддршка од граѓаните

Вчеравечер Македонија победи. Граѓаните сплотени без страв кажаа дека сакаат право и правдина. Гордана Сиљановска Давкова ја доби мнозинската поддршка од граѓаните.

Народот вчера ги победи сите остатоци од транзицијата. Антидржавните политики и криминалот вчера беа поразени.

Од денеска Македонија има нова реалност. Власта е во слободен пад. Никој повеќе не се плаши.

Гордана Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ победија над 30-тина партии кои застанаа со СДСМ и Стево Пендаровски.

Македонија победи. Стравот е поразен. За целосна победа и делегитимирање на оваа власт е потребна победа во вториот круг.

Народот ја порази хотел коалицијата. Народот ги порази елитистите од власта.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да се обединиме во вториот круг и да го нанесеме финалниот удар за пад на власта.

Македонија заслужува претседател кој ќе ги почитува уставот и законите. Македонија заслужува подобро. Гордана Сиљановска Давкова е вистинскиот избор, за право и правда. За подобра иднина.