Кандидатот за претседател на Република Македонија денес Проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова оствари средби со граѓани и средби со мали и средни бизниси и дуќанџии.
Зборевме за економската состојба и се потешкиот живот. Оствари и неформални средби со граѓани во паркот „Ѓорче Петров“ каде што се разговараше за градежната експанзија во Ѓорче Петров на сметка на парковите и зеленилото, истакна Сиљановска Давкова.
Сиљановска Давкова посочи дека паркот во Ѓорче од страна на градските власти ќе биде претворен во градилиште за згради кои ќе го заградат целиот парк. Граѓаните при средбата изразија поддршка во борбата против заевизмот и залагањата за право и правда за сите во Македонија.