Премиерот Зоран Заев го потврди учеството на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, соопшти денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
На новинарско прашање дали Заев ќе има средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас, владиниот портпарол одговори дека се уште не е утврдена агендата за билатералните средби.
Македонија последен пат со свој претставник присуствувалаа на форумот во Давос во 2003 година.