„Џемдаг Лајтинг Еуропа“ ќе го потпише договорот за инвестирање кон средината на јануари

Кон средината на овој месец ќе биде потпишан договорот со „Џемдаг Лајтинг Еуропа“, за инвестицијата вредна пет милиони евра која треба да отвори нови 100 работни места.

Како што соопшти денеска владиниот портпарол Биле Бошњаковски, станува збор за гринфилд инвестиција што ќе се реализира во ТИРЗ Скопје 1.

– Владата на вчерашната седница донесе одлука за согласност за потпишување договор за долготраен закуп на градежното земјиште во ТИРЗ Скопје 1 со „Џемдаг Лајтинг Еуропа“, информира Бошњаковски.