Општата болница во Велес доби медицинска апаратура и акредитација

Директорот на Агенцијата за акредитација Анте Попоски денеска официјално ја врачи акредитацијата за следните три години на директорот на Општата болница во Велес Божидар Бојаџиев, на церемонија по повод 7 април Денот на здравјето, на која присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче.

Во своето обраќање до присутните министерот за здравство Венко Филипче изнесе дел од реализираните проекти на министерството во изминатата година и нивните планови за следниот период. Потсети дека биле зајакнати повеќе програми, посебно програмата за ретки болести која има речиси двојно поголем буџет, дека се воведени пет нови лекови, новата стратегијата за ретки болести и внесувањето на сите  сите пациенти во регистерот.

-Се формираше електронски Регистер за ретки болести што беше внесено како забелешка во извештајот на ЕУ во 2018 година во делот на здравството, а воедно и потребата за воведвање на Онколошки регистер за подобра контрола и соодветно подобрување на превентивните програми за онколошките болни што е исто така започната. Воедно после долго време за првпат почнавме да внесуваме лекови со сертификат и се донесоа оригинални инсулини. Тука пред неколку месеци  имавме промоција и на Центарот и тука во оваа болница се донесоа три нови молекули, на инсулини кои се даваат перорално и се значајни за пациентите со дијабет, информира министерот Филипче.

Потсети дека биле зголемени платите на здравствените работници минатата година во септември за пет проценти, а оваа година за десет проценти за лекарите, а пет проценти за средно медицинскиот персонал, додека за администрацијата зголемувањето останува во септември оваа година.

– Другата година ќе го исполниме ветувањето за платата на лекарите специјалисти да биде 100 илјади денари, а нема да заборавиме ни на сестрите и сите следни планови се фокусирани  и на средно медицинскиот кадар бидејќи тие се столбот на нашиот здравствен систем. Тоа што ме прави среќен и задоволен е што се посветивме на младите лекари и минатата година за првпат тие добија соодветен надоместок. Воедно со измената на законот за здраствена заштита што помина во Собранието пред неколку недели обезбедивме соодветна сума на пари да ги примиме сите млади лекари кои што ќе завршат медицински факултети и ќе го завршат стажот во Лекарската комора и со тоа ќе се стекнат со лиценца за работа како доктори да ги примиме во здраствените домови во земјава,а тоа ќе значи дека за секој доктор што ќе добие лиценца му е загарантирано работното место платено во период од шест месеци. На тој начин сакaма да ги стимулираме да останат во земјава,понатаму да стенат соодветно знаење и искуство во примарното ниво во Брзата помош каде се стекнуваат искуства со пациенти, во вакциналните пунктови и патронажните сервиси, а понатаму ќе продолжиме да соработуваме со сите граѓански организации, а со сите процеси ќе продолжиме и во следната година, најави министерот Филипче.

Најави дека по изборите вo велешката Општа болница ќе почне реновирањето на зградата за Инфективни болести кој е во лоша состојба и оти компјутерската томографија се ставила во функција.

Министерот Филипче информира дека со директорот на болницата разговарале за потребата од опрема за Ургентниот центар  за истиот да се стави во функција за што во следниот период од недела две ќе дојде Комисија од Хирушките клиники од Скопје која ќе ја изработи листата на услуги која ќе се дава во велешката општа болница, а со цел да се олесни препраќањето на пациенти да нема многу чекање и не се ствара хаос и да не се забавува службата за Итна медицинска помош.

Директорот на Агенцијата за квалитет и акредитација на здраствените  установи Анте Попоски кој денеска на свеченоста му ја врачи акредитацијата за велешката ЈЗУ Општа болница на директорот Божидар Бојаџиев, а која важи од 25 март 2019 до истиот датум 2021 година ги изнесе резултатите од мониторингот и оценувањето.

– Направена е реконструкција на главната зграда на болницата и поставена е термоизолациска фасада и ставени со нови врати и прозори, набавена е нова медицинска опрема со воведување на нови методи. Овозможено е едукација на доктори и друг медицински кадар во странство, а упатени се и доктори на специјализација и едукација во терзијални установи. Воедно решен е и статусот на волонтерите и лицата под договор. Во 2018 се склучени договори за вработување на неопределено време за осум лекари и за кратко време се направени промени со кои во целост е подобрено функционирањето на Општата блница во Велес, што го востанови Комисијата на нашата агенција, информира Попоски.

Директорот на велешката болница Божидар Бојаџиев истакна дека нивна првенствена грижа е подобрување на здраствените услуги кон пациентите што е содржано и во добиената акредитација на болницата.

Воедно информира за набавката на повеќе медицинска апаратура од разни донатори во изминатите два месеци, меѓу кои гесен анализатор и ултразвучен дијагностички апарат „Сименс“ донација од Вернер Еберт од Австрија. Болницата доби од донација и апарат кој ќе им користи на лекарите оториноларинголози од фирмата „Бучeн Козјак“, како и ултразвучен џебен доблер од „БИОТЕК“,а „Скопска Пивара“ најавила и донација на дефибилатор.