Охрид мора да биде убав, да направиме од градот убаво и квалитетно место за живеење со светла иднина за охриѓани, денеска порача кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ Митре Милошевски.
– Мотивирани и убедени во подоброто утре најавуваме реконструкција на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“. Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ има потреба од проширување и дополнително уредување со комплетно партерно уредување. Новиот и модерен плоштад ќе биде гордост на охриѓани и туристите. Културните, музичките и останати манифестации заслужуваат нов убав уреден плоштад, рече тој.
Милошевски додаде дека охриѓани и туристите мора да добијат модерно место за релаксирање, разговор и пријатно поминато слободно време, истовремено нагаласувајќи оти со уредувањето на нови и одржувањето на постојните паркови се придонесува за поубав и позелен лик на градот.
– Помина доволно долго време за граѓаните да сфатат дека ветуваниот живот и проектите нема да се реализираат. Затоа ние нема да застанеме тука со уредување и реконструкција на плоштадите, како и со реализацијата на многу други проекти од Програмата, додаде Милошевски.