Ако бидам избрана за претседателка ќе одберам луѓе кои во вистинска светлина ќе ја претставуваат и нема да ја срамат Македонија по светот. Ќе именувам најдобри правници во Уставниот суд, најстручни луѓе во Советот за безбедност, ќе мислам на најквалификуван гувернер, ќе доделувам одликувања само на најумните, вето ќе ставам секогаш кога Уставот ќе биде прекршен, а вас секогаш ќе ве имам на ум кога ќе се обраќам пред Собранието не еднаш во годината, туку многу пати. Ќе бидам претседател на сите граѓани на Македонија, истакна каднидатот за претседател на ВМРО – ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова на вечерашниот митинг во Струга.
Обраќајќи се пред сите националности ја побара довербата од стружани на претстојните претседателски избори говорејќи за актуелната политичка состојба во државата. Во своето обраќање Силјановска Давкова забележа дека денеска, како што рече, 75 години по АСНОМ првпат на официјална посета не ја слушнавме државната химна.
– Целата македонска приказна е во химната, во борбата за правдините. Денеска премиерот го прекрши Законот за грбот, знамето и химната. Закон што се носи со дво-третинско мнозинство. Закон во кој се вели во било каква официјална средба мора да се емитуваат химните на двете држави, рече Силјановска Давкова.
Потсети дека при носењето на Преспанскиот договор укажала оти следно што ќе се менува е химната.
-Држава без химна нема важен симбол. Химната е Македонија. Не ни преостанува ништо друго освен да продолжиме да се бориме за своите правдини. Правото на самоопределување е основот на создавањето на Обединетите нации, меѓу нив е и македонската. Нема право на самоопределување без право на свое име, знаме, химна, себе идентификација, само идентификација. Само оние кои веруваат дека нешто без корен како Северна Македонија може да опстои не водат сметки за химната, заклучи каднидатот за претседател на ВМРО – ДМПНЕ.
Лидерот на партијата Христијан Мицкоски ги повика стружани да излезат на претседтаелските избор на 21 април за, како што нагласи, да победи правда за Македонија, бидејќи, според него, тоа што и се случува на државата не е ниту правда, ниту правдина. И тој во своето обраќање пред присутнте се задржа на денешната посета на грчкиот ремиер Алексис Ципрас кој бил пречекан без интонација на химните на двете држави, но и оти не била построена македонската гарда.
– Кога ќе помине многу време сите етнички заедници ќе си го постават прашањето дали кога имавме можност направивме максимално за нашата татковина. Дали кога можевме направивме сé што можевме да ја заштитиме неа, бидејќи во таа земја се родивме, школувавме, создадовме семејтва, растевме, се радувавме и тагувавме. Ќе помине многу време… Јас го знам мојот одговор, но и одговорот на сите вас затоа што сте сите рамо до рамо со мене и се борите против оваа неправда што и се случува на нашата татковина, без разлика на етничка и верска припадност, рече Мицкоски.
Посочи дека професорката Силјановска Давкова е вистински избор за заедничка борба за државата.
Коалицијата предводена од ВМРО – ДПМЕ вечерва својот кандидат ќе го претстави и во Ресен, а предходно изборен митинг одржа и во Вевчани.