Петмина државјани на Македонија се бараат со меѓународна потерница на Интерпол во врска со настаните на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.
Како што е објавено на веб страницата на МВР, од денеска со меѓународна потерница се бараат Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа, Младен Додески, Деан Давидовски и Митре Питроповски.
Ним им се припишува делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ во врска со настаните од 27 април во Собранието.
Досега се бараа само со домашни потерници.
Судот во нивно отсуство им определи мерка притвор, а штом ќе бидат пронајдени веднаш ќе бидат спроведени во Истражниот затвор во Шуто Оризари.