НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА УПОРНО СЕ ТРУДИ ПРЕДАВСТВАТА ДА ГИ ПРЕСТАВИ КАКО УСПЕХ! ТЕШКО НА ПЕНДАРОВСКИ КОГА КАМПАЊАТА МУ СТАРТУВА СО ПОСЕТА НА ЦИПРАС!
Кој и како да претставува, впечатокот од најавена посета на Ципрас е дека Грчкиот иредентизам си ја гушка жртвата. Пумпањето на приказните дека 70 големи и средни Грчки компании ќе дојдат во Македонија, најавите на Ципрас дека Грчкото претприемништво може да игра водечка улога во нашата економија, се бајки наменети за ублажување на пелинот што Заев, Димитров и Шекеринска ги прифатија сите уцени на Грција.
ГРАЃАНИТЕ НЕ ПАЃААТ ВЕЌЕ НА ТРИКОВИ! НА ГРЧКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ СО ДЕЦЕНИИ ИМ СЕ ОТВОРЕНИ ВРАТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА! ОКТА, ПОРАНО ОТЕ/КОСМОФОН СЕ ГРЧКИ КАПИТАЛ, КАКО И ПОЛА ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ НА ПЛОШТАДОТ! НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА МИСЛИ ДЕКА СО ЦИПРАС И ГРЧКИТЕ КОМПАНИИ ПОВТОРНО ЌЕ ГИ ИЗЛАЖЕ ГЛАСАЧИТЕ! ВО ТЕШКА ЗАБЛУДА СЕ! ГРЦИТЕ ДО ВЧЕРА БЕА ВО БАНКРОТ, ДА НЕ БЕШЕ ГЕРМАНИЈА НИВНИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПИТАА ПО УЛИЦИ, ПА СЕГА Е СМЕШНО ДА СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ТИЕ НАС ЌЕ НЕ ПРЕРОДАТ! ДОСТА ЈА ПОТЦЕНУВАТЕ МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА!
ЕВЕ ШАНСА НА ЗАЕВ НА ДЕЛО ДА ПОКАЖЕ ДЕКА ЦИПРАС ГО ПРИЗНАВА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ! НЕКА ГО ОДНЕСЕ ЦИПРАС ВО СВЕТИ СПАС НА ГРОБОТ ИЛИ НА СПОМЕНИКОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ПАРКОТ! ОВОЈ МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР Е РОДЕН ВО КУКУШ, УБИЕН Е ВО БАНИЦА, ДАЛЕКУ ПРЕД ГРЦИЈА ДА ЈА АНЕКТИРА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА СО НЕПРАВЕДНИОТ БУКУРЕШКИ ДОГОВОР! НЕКА СЕ ОДВАЖИ И ОХРАБРИ ПРВИОТ ГРЧКИ ПРЕМИЕР ШТО ЈА ПОСЕТУВА МАКЕДОНИЈА ДА ПРИЗНАЕ ПОСТОЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИ НАРОД!
НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА