НЕМАКЕДОНСКА ВЛАДА ИЗНЕДРУВА НЕМАКЕДОНСКИ КАНДИДАТ! ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАНДИДАТ НА ЗАЕВ И АХМЕТИ Е МАЛЦИНСКИ КАНДИДАТ! СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ НЕ Е ПОДДРЖАН ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! ЗАТОА СЕ ПРАВАТ НОВИ СРАМНИ ПОЛИТИЧКИ ПАЗАРИ НА ШТЕТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ! ОВАА ИЗРОДНИЧКА ПОЛИТИКА ЌЕ ГИ НАПРАВИ МАКЕДОНЦИТЕ ГОСТИ ВО СОПСТВЕНАТА ЗЕМЈА!
Заев треба вечер на ТВ дуелот со Мицкоски да соопшти дали е точно тврдењето на Артан Груби дека со Стево Пендаровски како Претседател на Републиката, ДУИ ќе добие свој Гувернер на Народната Банка. На тоа ли мислеше Заев кога ветуваше дека 2019 ќе била економска година? Кој е ставот на Заев, Димитров, Шекеринска и Пендаровски за најавите на Груби дека целат на премиерската и претседателската функција во блиска иднина? И на тоа ли се спремни за да се обидат да останат на власт? До каде ќе оди ова лудило? Има ли граница за раздавањето на Македонските национални интереси? Кога е „едно општество за сите“ зошто Заев не побара, а Ахмети не се согласи Македонец да биде градоначалник на Тетово?
Анкетата која вчера беше објавена, покажува дека 18% од анкетираните се уште не одлучиле за кој кандидат да гласаат, а 17,9% ниту еден кандидат не е прифатлив. Тоа се вкупно 35.9% кои не им веруваат на политичките партии и лажните ветувања.
ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НЕ Е ОДОБРЕНО ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! НИТУ ЕДНА ПОЛИТИЧКА СТРУКТУРА НЕМА МАНДАТ ДА ГО СМЕНИ ИМЕТО И ИДЕНТИТЕТОТ! ЗАТОА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ОД САМИОТ СТАРТ СЕ НЕЛЕГИТИМНИ!
МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ЌЕ ГО ОТФРЛИ ПРЕДАВНИЧКОТО СЦЕНАРИО ЗА ЛАЖНА ЛЕГИТИМАЦИЈА НА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ! ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ НЕ МОЖАТ ДА УСПЕАТ БЕЗ ГРУБ И ДРЗОК ФАЛСИФИКАТ.
ИМАМЕ ЗНАЕЊЕ, ИСКУСТВО, ВОЛЈА И СИЛА ДА СИ ГО ВРАТИМЕ ТОА ШТО НИ ПРИПАЃА. МАКЕДОНСКАТА ДИНАСТИЈА ЌЕ БИДЕ ВОЗОБНОВЕНА КАКО НАЈЕФИКАСЕН ПРОТИВ ОДГОВОР НА СИТЕ НАПОРИ ЗА НИШТЕЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА И ИДЕНТИТЕТ! НЕМА ПОВЕЌЕ КОМПРОМИСИ НА НАША ШТЕТА!
МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ ЌЕ ОСТАНЕ НАЈСВЕТЛИОТ СИМБОЛ НА ТАТКОВИНАТА!
НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА