Соопштение за јавност за ЕУ перспективите

ДАТУМОТ ЗА СТАРТ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ ВИСИ ЗАРАДИ НЕСПОСОБНОСТА НА АКТУЕЛНИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ!

 

Заев, Димитров и Шекеринска примија отрезнувачки пораки од Брисел. Како што и предвидовме, немакедонската Влада лажеше дека предавството е гаранција за експресна интеграција во ЕУ. Европската Комисија преку Могерини и Хан ја испорача фактурата. Реформи во правосудството, организираниот криминал и јавната администрација. При тоа назнаката е прецизна, не само да се донесат, туку и да се спроведат ЕУ законите. Земајќи предвид дека кампањата за претседателските избори започнува на 1 април, прашање е дали ќе се донесат воопшто, а камоли да се спроведат неопходните закони до јуни, како временска одредница за одлуката дали ќе се отпочнат преговорите.

 

БРИСЕЛ ОПРАВДАНО СТРАВУВА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ!

 

Предупредувањето од ЕУ дека и од успешноста на претседателските избори зависи дали Македонија ќе добие датум оди на директна адреса на немакедонската Влада. Еве зошто! Во моментот кога одлучи спротивно од волјата на Македонската нација да ги раздава светото Македонско име и идентитет, партиите од владејачката коалиција ја преземаа целата одговорност. Опозицијата ќе си го сноси својот дел од одговорноста за предавството на нивните пратеници.

 

НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ЌЕ БИДЕ ПОД ПРИТИСОК И ПОСТОИ РИЗИК ДА СЕ ОБИДЕ ДА ГИ ФАЛСИФИКУВА ИЗБОРИТЕ! ГРАЃАНИТЕ НЕМА ДА ГО ВЕРИФИКУВААТ ПОДМОЛНОТО СЦЕНАРИО! ТАТКОВИНАТА Е ПОВРЕДЕНА И НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ДА УСПЕЕ ПРОЕКТОТ ЗА УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА И НАЦИЈА!

 

БАРАМЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ СО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ОТВОРЕНИ ЛИСТИ. СЕ ШТО Е НАШЕ ЌЕ ВРАТИМЕ НАЗАД! ВЕТУВАМЕ ОБНОВУВАЊЕ НА ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА ДИНАСТИЈА СО ГЛАВНИОТ СИМБОЛ НА НЕПОКОРОТ – МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ!

 

НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА – БЕЗ КОМПРОМИСИ!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

                                                                                         Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА