Писмена реакција за изречените казни за инцидентите на 27 април 2017

НЕ ПОСТОИ ПРАВДА АКО Е СЕЛЕКТИВНА! КОГА ОПСЕГОТ НА ПРАВДАТА ЗАВИСИ ОД ПОЛИТИЧКИ ПАЗАР ТОГАШ ПРАВОСУДСТВОТО ЗА НЕКОЈ Е МАЈКА ЗА ДРУГ МАЌЕА!

Без тенденција или потреба да коментираме судски пресуди, чувствуваме обврска јавно да реагираме со став за изречените судски казни за дел од обвинетите во Собраниските инциденти од 27 април 2017 година.

Нема дилема дека при упадот во Македонското Собрание како и во дејствијата кои беа направени внатре има сериозни сомневања за сторени кривични дела. Затоа за се’ што е докажано логично е да има соодветна судска разврска. Но, целосно е неприфатливо НЕКОИ ПОДОБНИ само заради тоа што гласаа за срамното предавство да бидат амнестирани, а другите да добијат огромни казни затоа што не се пратеници или немаат вредност за политички пазар. Се разбира, повеќе од очигледна е попустливоста на Судот за оние кои „проговорија“ и се обидоа товарот да им го префрлат на другите. Што е пораката? Ако имате со што да се пазарите, слободно кршете закони!

ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ! ВО МАКЕДОНИЈА СО СРАМЕН ПОЛИТИЧКИ ПАЗАР БЕА АМНЕСТИРАНИ ХАШКИТЕ СЛУЧАИ. ТАЛАТ ЏАФЕРИ СТАНА МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА, А НА 27 АПРИЛ 2017 БЕШЕ НА СИЛА ПОСТАВЕН И НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ФОТЕЉА ВО МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ! ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА ПЕТКРАТНОТО УБИСТВО НА СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО СЕ БРАНАТ ОД СЛОБОДА, А ДВАЈЦА ОД НИВ СЕ ВО БЕГСТВО НА КОСОВО И СЕ УШТЕ НЕМА ЕКСТРАДИЦИЈА! ОДГОВОРНОСТ НЕМА! НЕМА ОДГОВОРНОСТ НИТУ ЗА БЕГСТВОТО НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ!

КОГА ВЕЌЕ СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА 27 АПРИЛ ИМАШЕ ПОЛИТИЧКИ МИРУДИИ, ДРЖАВАТА ТРЕБАШЕ ДА НАЈДЕ НАЧИН ЕМ ДА ПОКАЖЕ ДЕКА НАСИЛСТВОТО НЕ СЕ ТОЛЕРИРА, НО ДЕКА ИМА МИЛОСТ ЗА ОНИЕ КОИ ЗАНЕСЕНИ ОД ПАТРИОТСКИ ПОБУДИ! ВАКА СЕ ПОТВРДУВА ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СИ ВАДАТ ОЧИ МЕЃУ СЕБЕ А ВИСТИНСКИТЕ ТЕРОРИСТИ СЕ ДАЛЕКУ ОД ДОФАТОТ НА ПРАВДАТА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА