ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Пендаровски наместо правда промовираат монтирани процеси

Заев и Пендаровски наместо правда промовираат монтирани процеси, политички реваншизам и нарачани пресуди.

На тој начин се обидуваат да рашират страв и да го свртат вниманието од криминалот во кој што заглавија.

СДСМ уништи се што значи право и правда. Две години само кршење на уставот и законите. Неправото стана пракса, а правосудните органи алатка за прогон на политички неистомисленици.

211 години затвор за обвинетите за настаните од 27-ми април се врв на политичкиот реваншизам.

Професионалци и искрени патриоти се судат за дело кое не го сториле. Се кршат нивните човекови права и се злоупотребува институцијата притвор, само да се понижат и заплашат.

Власта делува надвор од правото. Ниту делото за кое ги обвини Русковска обвинителството, а ги осуди Кацарска судството го сториле, ниту пак притворите кои им ги определија се правно издржани.

Случајот 27-ми април е инквизиција на 21 век, незабележан во модерна Европа.

Неправото и кршењето на законите мора да запре. СДСМ и нивните пулени кои го имаат окупирано системот мора да си заминат. Единствен начин за тоа е победа на претседателските избори на Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде причина за распишување на предвремени парламентарни избори за пад на СДСМ.