Владата денеска на седница ја разгледа информацијата за влијанието на Брегзит врз македонската економија. Задолжено е Министерството за економија во соработка со Министерството за финансии и Царинската управа да достави Предлог-одлука за воведување на автономни мерки со условна примена од 30 март годинава.
Задолжени се и Министерството за надворешни работи и Министерството за економија да достават до Владата информација за третманот на македонските стоки при извоз во Обединетото Кралство во случај на „тврд Брегзит“ и за изнаоѓање на решенија за увоз без царини на производи со македонско потекло.