Писмена реакција за благодарноста на Сиа Анагностополу

КАКО ДА ПОСТОИ ТРКА ВО НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА КОЈ ПОВЕЌЕ ДА ГИ РАСПРОДАВА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!

Дочекавме Грчката Министерка Анагностополу јавно, преку нивната новинска агенција, да му се заблагодарува на Димитров што изјавил дека Македонскиот јазик нема врска со јазикот што го зборуваат „Грчките Македонци“! Замислете, Димитров кој потекнува од Егејска Македонија во името на Македонија признал дека неговите претци биле „Грчки Македонци“ и зборувале „Грчки Македонски јазик“!  ДА ВЕ ИЗЕДЕ ТУЃИОТ СРАМ!

АЈДЕ ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА ЗАЕДНО СО ПЕНДАРОВСКИ НЕКА ИЗЛЕЗАТ И НЕКА НИ ОБЈАСНАТ КАКВИ СЕ ТИЕ НИВНИ ЗАМИСЛЕНИ „ГРЧКИ МАКЕДОНЦИ“? ДАЛИ КОГА ВЕЛАТ ДЕКА ОДАТ ВО СОЛУН, ВОДЕН, КУКУШ ГОВОРАТ „ГРЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК“? ДАЛИ СПОРЕД ИЗРОДИТЕ И ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИДЕЈЌИ Е РОДЕН ВО КУКУШ Е „ГРЧКИ МАКЕДОНЕЦ“ КОЈ ГОВОРЕЛ НА „ГРЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК“? ПРЕДАВНИЦИ, ЗОШТО ПОСЛЕ БУКУРЕШКИОТ ДОГОВОР ГРЧКИТЕ ВЛАСТИ ГИ СМЕНИЈА СИТЕ МАКЕДОНСКИ ТОПОНИМИ АКО ТАМУ ЖИВЕЕЛЕ „ГРЧКИ МАКЕДОНЦИ“? ИМАТЕ ЛИ СОВЕСТ? СО ПРЕДАВНИЧКИОТ ДОГОВОР ЗАЕВ – ЦИПРАС ГИ ПУШТИВТЕ НИЗ ВОДА НАШИТЕ БРАЌА И СЕСТИ НИЗ ВОДА, СЕГА ДОЖИВУВААТ АСИМИЛАЦИЈА И ОД ВАС!

НИЕ НЕ СЕ ИДЕНТИФИКУВАМЕ СО НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ СОГЛАСИ СО ОВАА ПРЕДАВНИЧКА ПОЛИТИКА!

БАРАМЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ СО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ОТВОРЕНИ ЛИСТИ!

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ ЈА ИСПОРАЧА ПОЛИТИЧКАТА КАЗНА ЗА ИЗРОДИТЕ, ПОРАНО ИЛИ ПОДОЦНА! ОД ТОА НЕМА БЕГАЊЕ!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА