Писмена реакција за ставот на С.Пендаровски за Договорот Заев – Ципрас

ПОТЦЕНУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ПРОДОЛЖУВА!

Полека се одмотува клопчето! Се разбиструва матната вода! Заев, Димитров, Шекеринска потврдуваат дека се плашат од гневот на сопствениот народ. Првите чекори на Стево Пендаровски кој најмногу се посветени на гласачите Албанци, даваат одговор зошто првенците на СДСМ чекаа Ахмети да им го избере најподобниот кандидат.

СМИСЛЕНАТА ИТРОШТИНА НЕМА ДА ПОМИНЕ!

Ставот на Пендаровски дека тој како Македонец би сакал да се поништи Договорот Заев – Ципрас, да се преговара од почеток и да издејствува нов подобар Договор, но тоа според него било невозможно, е тажен и јалов обид да се амортизира предавството на Македонските национални интереси. Тоа што Пендаровски избега од Македонското Собрание за да не гласа за предавството, не може да го амнестира. Тој е кандидат и експонент на политичари кои со умисла ги прифатија сите уцени на Бугарските и Грчки иредентисти. Од тоа бегање нема! Уште посрамно е што Пендаровски беше директен сведок на противправното вето на Караманлис и Бакојани на НАТО Самитот во Букурешт во 2008 со кое брутално беше прекршена Времена Спогодба заради што Грција е осудена од Хашкиот суд. Како советник на двајца претходни Претседатели, Пендаровски многу добро знае дека ниту една политичка структура претходно не била подготвена да отиде толку далеку во раздавањето на Македонските национални интереси. Македонскиот народ стана жртва на неколкумина уценети политичари со болни амбиции по секоја цена да прифитираат од предавството на сопствената Татковина и народ!

НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ДА ШИРИТЕ ДЕМАГОГИЈА И ПРАВИТЕ ПСИХОЗА. НИШТО НЕ Е ЗАВРШЕНО! ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО АЛИЈАНСАТА Е ПОЗИТИВНА РАБОТА, НО НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЛЕК ЗА ПОНИЖЕН НАРОД! ГРАЃАНИТЕ НИКОМУ НЕ ДАЛЕ МАНДАТ ДА ГО РАСПРОДАДЕ СВЕТОТО МАКЕДОНСКО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ!

НЕМА ПРОЧКА ЗА ПРЕДАВСТВАТА!

НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА