Шефот на делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното Собрание на НАТО Илија Димовски и Катерина Кузмановска, член на делегацијата, ќе учествуваат на состаноците на Политичкиот комитет и Комитетот за цивилна димензија на безбедноста, кои ќе се одржат од денеска до 6. месецов во Атина, информира собраниската прес-служба.
Темите на состаноците ќе се фокусираат на грчките надворешни и безбедносни приоритети, актуелната и идната улога на НАТО перпективи од Атина, граничната безбедност, миграциите и бегалците, улогата на Русија на Балканот и грчките перспективи за предизвиците во јужното крило на НАТО.
На состаноците ќе учествува и Медлин Мун, претседателка на ПС на НАТО, а се предвидува и посета на два бегалски кампа близу Атина. Предвидена е и посебна сесија со генералниот директор на Грчката фондација за европска и надворешна политика ELIAMEP, на која ќе се дискутира за: безбедноста во Источниот Медитеран, безбедноста и стабилноста на Балканот и Русија и регионалната безбедност.