Премиерот Зоран Заев, денеска во просториите на Министерството за финансии ќе одржи состанок со ресорниот министер Драган Тевдовски на тема „Реализацијата на капиталните инвестиции и клучните податоци за 2017 година“.
Како што соопштуваат од Министерството за финансии, посетата е токму во ова Министерство бидејќи целта на Владата и Министерството е оваа година да биде клучна за унапредување на економската состојба и стабилизација на економијата.
Најавена е изјава за медиуми на премиерот и министерот за финансии за заклучоците од состанокот.