Писмена реакција за пазарењата за Претседателскиот кандидат на немакедонската Влада

НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ПРОДОЛЖУВА ДА ЈА ДЕВАЛВИРА ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА! ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА ЧЕКААТ АЛИ АХМЕТИ ДА ИМ ГО ИЗБЕРЕ КАНДИДАТОТ! А ДОДЕКА ЧЕКААТ ЛИЦИТИРААТ СО ПОНУДИ ЗА ДА ГО ОДОБРОВОЛАТ ВЕЧНИОТ ДУИ – ПАРТНЕРОТ ВО СИТЕ ВЛАДИ, ДА ИМ ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО!

Мината недела немакедонската Влада донела одлука да се формира Инспекторатот што произлегува од Законот за двојазичност. До вчера тврдеа дека ја чекаат Венецијанската Комисија да даде мислење а всушност ги задоволуваат апетитите на ДУИ. Овој Инспекторат ќе врши контрола дали се употребува Албанскиот јазик на целата територија и ќе изрекува казни од по неколку илјади евра. Денес, некој медиуми на Албански јазик пренесуваат дека наводно Заев на Ахмети му ветил дека следен Гувернер на Народната Банка ќе бил Албанец. На сцена се повторно срамни политички пазари за да вечерва Заев и Ахмети заедно го покажат „жртвеното јагне“.

НИТУ ЗАЕВ МОЖЕ ДА СЕ НАДЕВА ДА ПЛАНИРАНИТЕ ГЛАСОВИ ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, НИТУ ПАК АХМЕТИ ГИ ИМА ВО ЏЕБ АЛБАНСКИТЕ ГЛАСОВИ ЗА ДА ГИ ИСПОРАЧА ВО ПРВИОТ И ВТОРИОТ ИЗБОРЕН КРУГ. СИ ПРАВАТ ЕСАП БЕЗ КРЧМА! ВООПШТО НЕ Е СЛУЧАЈНО ШТО ШЕКЕРИНСКА И СПАСОВСКИ СЕ МИСЛАТ ДАЛИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ТРКА. ЗНААТ ДЕКА ВЕЌЕ НИШТО НЕ Е СИГУРНО!

НЕ ГИ ПОТЦЕНУВАЈТЕ ГРАЃАНИТЕ! БЕЗ РАЗЛИКА НА ЕТНИЧКА ИЛИ ВЕРСКА ПРИПАДНОСТ ОГРОМНО Е НЕЗАДОВОЛСТВОТО! ЕДИНСТВЕНО ВИ СЕ ВЕРНИ РОДНИНИТЕ И ПРИЈАТЕЛИТЕ КОИ ГИ ВДОМИВТЕ НА ДРЖАВНИ ЈАСЛИ! СЕГА ЌЕ ВИ СТИГНЕ ПРВАТА ФАКТУРА ЗА ДУШМАНСКИОТ ОДНОС КОН СЕ ОНА ШТО Е СВЕТО!

НЕМА ПРОЧКА ЗА ПРЕДАВСТВАТА!

НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА