Писмена реакција за 2-та средба на експертскиот Македонско – Грчки Комитет

Кадарот на Заев, Димитров и Шекеринска, дипломатот Виктор Габер најави дека во март во Дојран заедно со Грчките претставници, ќе дефинирале што е иредентизам како основа за ревидирање на учебниците по географија и историја. Бидејќи предавниците се зафатени со девалвирање на функцијата Претседател на Републиката и чекаат Али Ахмети да им го избере кандидатот, Македонската Алијанса ќе даде свои упатства до Виктор Габер, за тоа што е иредентизам. Еден од последните облици на иредентизам е анкетата на Грчки „Alco“ според која дури 66 проценти од Грците се изјасниле дека и покрај Договорот Заев – Ципрас, Македонија и понатаму ќе ја именуваат како ПЈРМ или Скопје. Додека Заев јавно ги поправа неговите Министри за да го користат терминот Северна Македонија и згора на тоа самиот ја ревидира историјата тврдејќи дека Борис Трајковски бил Претседател на Република Северна Македонија, мнозинството Грци не само што нема да не нарекуваат Македонци туку како пред некој ден со насилни протести искажуваат незадоволство од Ципрас и неговите Министри.

 

Иредентизам е кога Грчкиот амбасадор реагира со протестна нота на прилогот на Британски Би Би Си кој ја раскажа голготата на Македонците во Егејска Македонија од Букурешкиот Договор. Иредентизам е асимилирањето, насилието, менувањето на Македонските топоними во Егејска Македонија и присвојување на терминот Македонски со лажно тврдење дека е Грчки. Иредентизам е да го бришеш Македонскиот идентитет.  Иредентизам е да потпишеш Времена Спогодба во 1995 заради која една друга немакедонска Влада предводена од СДСМ прифати да смени Знаме, Устав и да не нарекуваат со срамната референца БЈРМ, а на НАТО Самитот во Букурешт во 2008 да не ги испочитуваш меѓународните норми и да ставиш противправно вето. Е за тој иредентизам Грција е осудена од Хашкиот Суд. Иредентизам е да тврдиш дека историјата на Александар Македонски е исклучиво хеленска. По истиот принцип кој важи за предавничкиот Договор со Бугарија, според кој за да го задоволиме Бугарскиот национализам и негаторство нашите претставници морале да прифатат дека Цар Самоил и Светите браќа не се Македонци туку космополити, тогаш истите аршини нека важат и за Александар Македонски и античката историја.

 

Е ТОА Е ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА! МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД СЕ ЖРТВИ НА ГРЧКИОТ ИРЕДЕНТИЗАМ! А ОВАА НЕМАКЕДОНСКА ВЛАДА ГИ ПРИФАТИ СИТЕ ГРЧКИ И БУГАРСКИ УЦЕНИ ЗА ШТО ДОПРВА ЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ!

 

НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА! ИЗРОДИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ ПОНЕСАТ ОДГОВОРНОСТ ЗА ЗУЛУМИТЕ ШТО ГИ ПРАВАТ!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

                                                                                         Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА