Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, придружуван од потпреседателот Кастриот Реџепи, денеска се сретна со заменик амбасадорот на Обединетото Кралство, Доминик Отваj.
На состанокот се зборуваше за политичката реалност во земјата во пресрет на претседателските избори во Република Северна Македонија. Претседателот Касами го информираше г.Oтвaј за придонесот на Движењето Беса за време на интегративните процеси и уставните промени како предуслов за членство во НАТО.
Исто така беше дискутирано за придонесот на меѓународниот фактор како помош за важни реформски процеси за да се исполнат предусловите за добивање датум за почеток на преговорите за членство во Европската униа.
И двете страни се согласија дека билатералната соработка ќе продолжи и во иднина.