Седница на ДИК, теми подготовките за избори

Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која ќе ги разгледуваат Предлог – обрасците за претседателските избори, како и предлог-обрасци на избор на градоначалник на општината, Предлог одлука за утврдување трошоци за спроведување на изборни активности во реално направени износи, како и Предлог – одлука за доделување на средства на општинските изборни комисии за спроведување на изборите 2019 година.

Членовите на Комисијата ќе ја разгледуваат и Предлог – одлуката за доделување на авансни средства на подрачните одделенија и канцеларии за обиколка и обезбедување на избирaчките места, Предлог – Кодексот за набљудување на претседателските избори 2019 година и предвремените избори за градоначалници во општините Охрид, Ново Село и Дебар, какоо и Предлог – упатство за изглед на беџовите за идентификација на изборните органи, изборната администрација, овластените претставници на подносителите на листа на кандидат, меѓународните и домашните набљудувачи за изборите 2019 година.

На дневен ред ДИК е и Предлог – прирачникот за едукација на членовите на општинските изборни комисии, избирачките одбори и избирачките одбори за спроведување на гласањето во странство.